Ријад Марез пред неколку сезони направи големи напори за Лестер да го пушти во Манчестер Сити, а сега наводно е несреќен во редовите на „граѓаните“.
Селекторот на Алжир, Џамил Белмади изјави дека Марез е несреќен во Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Го познавам Марез тој е играч кој сака да игра повеќе и затоа не е најсреќен во Манчестер Сити. Тој сака да биде на теренот во секој натпревар. Не сум негов агент и не можам да му кажам да си замине, но сакам да биде во добра форма кога ќе дојде да ни помогне. Марез е наш капитен и сите сакаме да ја врати најдобрата форма“, изјави Беламди.
Оваа сезона во дресот на Манчестер Сити Марез собра 25 настапи и во нив постигна шест гола и подели три асистенции.