Дома Топ вести Ѕвездата на Салцбург се договори со Милан

Ѕвездата на Салцбург се договори со Милан

Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.

Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор со агентот на Собослај.

Собослај е голема желба на Ралф Рагник, кој ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона, а трансферот би требало да изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…