Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Лукас Васкез доби богата понуда од катарски клуб, пишува „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првично Васкез ја одбил понудата на катарскиот клуб, но подоцна добил подобрена понуда, па агентот го советува да ја прифати.
Од Реал Мадрид му дадоа слобода на избор на Васкез, па во наредните денови треба да донесе конечна одлука за својата иднина.
Интерес за 29-годишниот Шпанец покажуваат и неколку европски клубови, меѓу кои и Тотенхем, но единствена конкретна понуда е од Катар.
Васкез беше важен играч за „кралевите“, но во последната сезона одигра само 18 меча и падна во втор план.