Ѕвездата на Порто, Јаким Брахими на крајот на сезоната ќе ја промени средината како слободен агент.
Алжирецот одби да го продолжи договорот со Порто, па битката за негов потпис веќе започна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силен интерес за него покажуваат Бешикташ, Вест Хем и Марсеј, но италијанските медиуми пренесуваат дека Лацио е во пол-позиција за потписот на Брахими.
Имено, италијанскиот клуб веќе имал средба со агентот и е спремен да му понуди 5 милиони евра по сезона. Доколку се реализира трансферот Брахими ќе стане најплатен играч во Лацио и ќе заработува 2 милиони евра повеќе од Имобиле и Милинковиќ-Савиќ.