Плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, го одбил трансферот во Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
24- годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, па од јануари почна да преговара со заитересирануте клубови.
Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед покажал конкретен интерес, но Французинот одбил да се пресели на „Олд Трафорд“.
Ауар веќе се договорил со Ајнтрахт Франкфурт, кој му гарантира првотимски статус и ќе потпише 4-годишен договор со германскиот клуб.
🚨 Houssem Aouar has turned down a move to Manchester United and agreed to join Eintracht Frankfurt when his contract at Lyon ends this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 2, 2023
(Source: Express) pic.twitter.com/s4dRkcO6rj