Раководството на Милан работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат италијанските медиуми.
24- годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе може да преговара со заинтересираните клубови.
„Росонерите“ постигнале договор со Ауар за 4-годишна соработка и плата од 3 милиони евра по сезона, па играчот ќе пристигне без обештетување на „Сан Сиро“.
Останува да се договори уште бонусот при потпис на договорот, кој треба да изнесува 3 милиони евра.