Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл е пред трансфер во Бенфика, тврдат германските медиуми.
Двата клуба се во напредни преговори и се блиску до договор. Се очекува португалскиот гигант за неговиот потпис да плати 20 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вајгл пристигна во Борусија Дортмунд во 2015 година и веднаш се наметна како клучен играч кај „милионерите“, но оваа сезона го загуби местото во стартниот тим. 24-годишниот фудбалер оваа сезона има само 13 настапи во Бундеслигата на кои постигна еден гол.
Интер исто така покажуваше интерес за играчот бидејќи во него гледаше алтернатива за Артуро Видал, исто така и некои англиски клубови го сакаа Германецот, па поради тоа може да се каже дека овој трансфер е изненадувачки.