Оваа година ќе се заокружи една деценија откако ниту еден друг фудбалер освен Лионел Меси и Кристиано Роналдо не ја освоил „Златната топка“. Традицијата веројатно ќе биде продолжена, а Португалецот е апсолутен фаворит да ја одбрани титулата.
На останатите фудбалери им преостанува да се надеваат на пласман помеѓу тројцата најдобри. Еден од нив кој веќе со години е помеѓу најдобрите, но е во сенка на Меси и Роналдо е и Роберт Левандовски. Полскиот фудбалер од редовите на Баерн Минхен секогаш е во најтесниот круг, но никако да се избори за место помеѓу тројцата финалисти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не сакам да кажам дека тоа ми е најважно. Важен ми е успехот во Баерн. Посебно во Лигата на шампионите. Ако стигнеме до финалето во Лигата на шампионите и ја освоиме Бундеслигата можеме повторно да зборуваме на таа тема, но Златната топка никогаш не ми беше приоритет“, изјави Левандовски.
Тој потоа го прокоментира изборот за Златната топка и откри дека некои работи му пречат.
„Не знам што за некои играчи значи да е петти, 25 или 50 во тој избор. Она што се смета се само првите три места. Затоа минатата година бев во најмала рака шокиран. Кога играте во Баерн Минхен, ќе стигнете до полуфиналето во Лигата на шампионите, ќе постигнете многу погодоци во Бундеслигата и ќе бидете втор стрелец во Лигата на шампионите, тогаш… Не знам сватно на кое место завршив, но сетоа ова за мене е по малку смешно“, завршо Левандовски.