Талентираниот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели призна дека четири пати бил на проба во Манчестер Јунајтед како тинејџер.
Меѓутоа, Бразилецот никогаш не ја поминал пробата и не добил понуда од „црвените ѓаволи“, па во 2019 година потпиша за Арсенал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мартинели уште во првата сезона постигна 10 гола, но во последно време се мачи со повреди.
„Поминав четири различни проби во Манчестер Јунајтед кога имав 13 до 16 години. Бев во академијата во истата група со Гринвуд и Брендон Вилијамс и имав можност да се сретнам со играчи како Ибрахимовиќ, Погба… Меѓутоа, тие во ниту еден момент не ми кажаа дека ме сакаат“, открива Мартинели.