Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Арсенал го пропушта натпреварот против Македонија?

Ѕвездата на Арсенал го пропушта натпреварот против Македонија?

Македонија во јунскиот квалификациски циклус за Европското првенство ќе се сретне со Украина на домашен терен и Англија на гости, а според последните информации Англичаните би можеле да бидат ослобаени за овој дуел.

Имено, на последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата повреда заработи напаѓачот на Арсенал, Букају Сака. Сака беше заменет по еден час игра и претрпе неколку груби стартови. Натпреварот го заврши по последната интервенција на докторите и сега неговиот настап е под знак прашалник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според најавите, Арсенал ќе притиска со Сака да не се ризикува за да не дојде до влошување на ситуацијата затоа што е период на крај од сезоната кога фудбалерите се заморни од преголемиот напор.

Македонија против Англија ќе игра на 19-ти јуни и тоа во Манчестер на „Олд Трафорд“, три дена претходно во Скопје ќе бидеме домаќини на Украина.

СОСТАВОТ НА АНГЛИЈА:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…