Европските гиганти се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Аталанта, Џорџо Скалвини.
Скалвини иако има само 19 години веќе стора сезона е стандаеден во дресот на Аталанта, а дебитираше и за италијанската репрезентација.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Скалвини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а многумина го споредуваат со легендарниот Паоло Малдини.
Може да игра како централен дефанзивец и бек, а европските гиганти веќе подолго време ги следи неговите настапи.
Покрај италијанските гиганти силен интерес за него покажуваат Манчестер Сити, Реал Мадрид и Баерн Минхен, па се очекува голема битка за неговиот потпис.
Аталанта е позната по тоа што „произведува“ таленти, но и скапо ги продава, па Скалвини сигурно нема да го пушти за помалку од 50 милиони евра.