
Вечерва во 20 часот по катарско време ќе има Новак Ѓоковиќ прв натпреварувачки тренинг во Доха по повеќе од половина деценија. Од кога на 31 декември 2018 година го загуби полуфиналето од Роберто Баутиста, не заиграл на турнирот.
Токму видео од неговото последно доаѓање во Доха го искористија организаторите за да го најават неговото учество. На снимката најдобриот тенисер во светот му прави друштво Карим Алами, поранешен марокански тенисер, а сега турнирски директор на Катарскиот опен.
.