Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја однесе Србија во полуфиналето на Дејвис купот

Ѓоковиќ ја однесе Србија во полуфиналето на Дејвис купот

Во Полуфиналето на завршниот Дејвис куп турнир во Малага ќе играат тениските репрезентации на Финска и Австралија, како и Србија и Италија.

Во последниот четвртфинален натпревар Србија ја совлада Велика Британија со 2:0. Миомир Кечмановиќ го освои првиот бод за Србија победувајќи го Џек Дрејпер со 7:6 (2), 7:6 (6).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот сет и двајцата беа сигурни на свој сервис, па победникот беше решен во тринаесеттиот гем, кој Кечмановиќ го доби со 7:2.

Брејк немаше ниту во вториот сет, па повторно се играше тајбрејк. Кечмановиќ тргна подобро и водеше со 5:2, но Британецот врза три бода и стигна до изедначување.

Сепак, Кецмановиќ направи мини брејк на 6:6, а потоа го освои сервисот за 8:6 и победа од 2:0. Во вториот меч Новак Ѓоковиќ го совлада Камерон Нори со 6:4, 6:4.

Одличниот Ѓоковиќ загуби само поен во првите два сервис-гема, а потоа во петтиот гем ја искористи втората топка за пресврт и поведе со 3:2.

Во вториот сет веќе направи брејк на стартот и потоа потврди за 2:0. Интересно, тоа беше 21-ва победа во низа за Ѓоковиќ во ова натпреварување. Тој е непоразен во Дејвис купот цели 12 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…