Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја објави првата фотографија на патерици и испрати порака по операцијата

Ѓоковиќ ја објави првата фотографија на патерици и испрати порака по операцијата

НОВАК ЃОКОВИЌ беше принуден да се повлече од четвртфиналето на Ролан Гарос и мечот против Каспер Руд поради скинат менискус на десното колено. На српскиот тенисер во средата попладне итно му беше извршена операција, а болницата во Париз веднаш ја напушти со патерици. По излегувањето, тој ја објави својата прва фотографија на патерици на Инстаграм и испрати порака до своите фанови.

„Изминатиот ден морав да донесам тешки одлуки откако го скинав менискусот за време на последниот натпревар. Сè уште сè опоравувам, но со задоволство ве информирам дека операцијата помина добро. Благодарен сум на тимот од лекари кои беа тука за мене, како и огромната поддршка од моите фанови, ќе дадам се од себе за да бидам здрав и подготвен да се вратам на теренот што е можно поскоро. Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува“, напиша Ѓоковиќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се очекува опоравувањето да трае три недели, па Ѓоковиќ би можел да игра дури и на Вимблдон, иако приоритет сега му е да се опорави за да може да игра на ОИ во Париз кои почнуваат на 26 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…