Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со синоќешната победа против Аргентинецот Франциско Серундоло стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите.
Со оваа победа во осминафиналето во Париз, најдобриот светски тенисер ја постигна рекордната 370-та победа на Гренд слем турнирите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Така зад себе го остави Роџер Федерер кој има 369 победи, Рафаел Надал е трет на вечната листа со 314, Џими Конорс е на четвртото место со 233, додека Андре Агаси е петти со 224 победи на четирите најголеми тениски турнири.