Новак Ѓоковиќ се надева дека ќе биде спремен за турнирот во Токио.
Во последните денови во светските медиуми се појави информација дека Ѓоковиќ ќе мора да оди на операција, сега стигна и негова реакција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот тенисер се огласи на Твитер изјавувајќи дека во овој момент е во процес на рехабилитација и дека наскоро ќе се јави со нови информации.
„Ви благодарам на големата поддршка и интересот за состојбата со моето рамо. Во процес сум на рехабилитација и се надевам дека ќе бидам спремен за следниот турнир во Токио“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Hvala vam svima na velikoj podršci i interesovanju za stanje mog ramena. U procesu sam rehabilitacije i nadam se da cu biti spreman vec za sledeći turnir u Tokiju. Svakako vam se javljam sa novostima. Hvala vam još jednom ?
— Novak Djokovic (@DjokerNole) September 12, 2019
Ќе потсетиме Ѓоковиќ го предаде мечот на УС Опен со Вавринка и е во опасност да го изгуби првото место на АТП листата бидејќи Надал му се доближи на само 600 бодови.
Турнирот во Токи започнува на 30-ти септември.