Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се враќа на Индијан Велс?

Ѓоковиќ се враќа на Индијан Велс?

На поширокиот список на првиот мастер во сезоната (8-18 март) се најде и името на Новак Ѓоковиќ.

Проблемите со лактот Ѓоковиќ го мачат веќе две години. Од кога го освои Ролан Гарос во 2016, а изгледа дека на овие проблеми им дојде крајот. Новак после разочараувањето на Австралија Опен одлучи да направи операција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Резултатите веројатно се позитивни, па Србинот веќе започнал да тренира. Добра вест за сите фанови на Ѓоковиќ е и тоа што тенисерот се најде на поширокиот список за престижниот турнир Индијан Велс.

Првиот мастерс во сезоната се игра од осми до 18 март. Секако списокот не е конечен и натпреварувачите можат да го откажат своето учество и пред ждребот.

Ѓоковиќ во својата кариера пет пати триумфираше на Индијан Велс, а актуелен шампион и најголем фаворит е Роже Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тони Надал: Алкараз имаше среќа на Австралијан опен!

Тони Надал, вујко и поранешен тренер на Рафаел Надал, изјави дека Карлос Алкараз имаше сре…