Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по шокантниот пораз: Не ми се играше, го одработив она по кое дојдов тука

Ѓоковиќ по шокантниот пораз: Не ми се играше, го одработив она по кое дојдов тука

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера доживеа шокантен пораз од Лоренцо Сонего во четвртфиналето од мечот на турнирот во Виена.

Ѓоковиќ на прес-конференција истакна дека ова било чуден ден за него во кој не бил премногу мотивиран за игра, меѓутоа потенцираше дека го остварил она по кое дошол (пласман во четвртфиналето за да остане прв на АТП листата до крајот на годината).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Да бидам искрен и не ми се играше премногу. Едноставно не бев мотивиран, го одработив она што го сакав и поради кое дојдов тука. Навистина чуден ден. Тоа е што е. Пордолжувам понатаму. Сега ќе бидам со семејството, се враќам во Србија и се радувам на тоа. Потоа ќе се спремам за Лондон и ќе се обидам таму да бидам на највисоко ниво“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…