Новак Ѓоковиќ по операцијата на лактот никако да се врати во старата форма, Србинот не е ниту приближно добар како во најдобрите денови.
Денес во второто коло од турнирот во Барселона беше елиминиран од 140-тиот тенисер на АТП листата, Мартин Клижан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По поразот Ѓоковиќ излезе на прес-конференција за медиумите.
„Не ги исполнив очекувањата, ниту моите, ниту на навивачите и жалам поради тоа. Навистина ова тешко, но нема да се откажам ќе продолжам да се обидувам да се вратам. На тренинзите можете да давате максимум, но натпреварите се нешто друго. Единствената работа која можам да ја направам во овој момент е да бидам трпелив. Со напорна работа можеби ќе успеам да се вратам“, изјави Ѓоковиќ.
За Ѓоковиќ ова беше петти пораз во последните седум натпревари.