Новак Ѓоковиќ денеска го претрпе првиот пораз во Новата Година, но и прв во Австралија по 43 победи во низа и цели шест години. Подобар од српскиот тенисер беше Алекс Де Минор на Јунајтед Купот од кој Србија доживеа елиминација од домаќините.
Главната причина за поразот на Ѓоковиќ беше неговата повреда на зглобот на раката која ги загрижи фановите бидејќи дојде пред Австралија Опен кој се игра од 14-ти до 28-ми јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Ѓоковиќ најави дека иако денес повредата имала влијание на неговата игра, во наредниот период се ќе биде во ред.
„Очекувам се да биде во ред, но морма да бидам искрен. Повредата денес влијаеше на мојата игра, посебно на форхенд и сервисот. Сепак, не би сакал да трошам зборови и да објаснувам одземајќи му ги заслугите на Де Минор. Тој беше цврст како и секогаш, честитки до него и Австралијанците. Мораме да продолжиме понатаму, а моите мисли се веќе во Мелбурн“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ смета дека има доволно време до Австралија Опен да биде на потребното ниво.
„Имам доста време и мислам дека е доволно да бидам во оптимална состојба за Австралија Опен, тоа е најважно. Ќе се обидам да се опоравам што е можно побрзо“, изјави Ѓоковиќ.