Дома Останати Тенис Ѓоковиќ на Австралија Опен може да го загуби првото место: Еве што треба да се случи

Ѓоковиќ на Австралија Опен може да го загуби првото место: Еве што треба да се случи

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се наоѓа на врвот на првата АТП листа во 2024 година. Моментно Србинот има 11,245 поени, пред Шпанецот Карлос Алкараз на второто место кој има 8,855 поени.

Покрај Ѓоковиќ и Алкараз, фаворити за освојување на првиот грен слем турнир „Австралија опен“ се и Данил Медведев, Јаник Синер, Андреј Рубљов, а од неодамна можеби и Рафаел Надал кој по една година пауза се врати на терените и тоа до доста успешни резултати во Бризбејн.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ѓоковиќ би можел да го загуби првото место на АТП листата во Мелбурн по еден услов. А тоа е доколку Алкараз го освои „Австралија опен“, Шпанецот ќе се врати на првата позиција без разлика каков ќе биде резултатот на Ѓоковиќ.

Причина е фактот што српскиот ас во Мелбурн ќе дојде со предност од 2.200 поени, а титулата ја брани со 2.000. Шпанецот лани не играше, па не брани ништо, а може да освои 2000.

На Алкараз му помогна и поразот на Ѓоковиќ во четвртфиналето на Јунајтед купот, кој остана без 190 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра првиот меч на Мастерсот во Монте Карло, а противник ќе…