Дома Останати Тенис Ѓоковиќ изгуби 1.000 бодови: Еве на која позиција се наоѓа сега

Ѓоковиќ изгуби 1.000 бодови: Еве на која позиција се наоѓа сега

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ остана на второто место на АТП листата и покрај тоа што не настапи на Мастерсот во Синсинати каде што требаше да го брани трофејот.

Прв е и понатаму Јаник Синер со 9.410 бодови, додека Ѓоковиќ е втор со 7.460. Ѓоковиќ загуби 1.000 поени во однос на минатонеделната листа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синер го чека финалето на Мастерсот во Синсинати против Американецот Френсис Тиафо и има шанса дополнително да ја зголеми предноста пред Ѓоковиќ.

Трет е Алкараз со 7.360 бодови, а потоа следат Александар Зверев кој има 330 бодови помалку и Данил Медведев.

Рускиот тенисер Андреј Рубљев е шести во светот, а топ 10 ја комплетираат Хуберт Хуркач, Каспер Руд, Григор Димитров и Алекс де Минор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа експресно ја елиминира првата противничка во Порто

Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Порто, откако во првото коло слав…