Дома Останати Тенис Ѓоковиќ започна нова недела на врвот на АТП – никој не може да го симне најмалку во следните две недели!

Ѓоковиќ започна нова недела на врвот на АТП – никој не може да го симне најмалку во следните две недели!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја започна 423. недела на врвот на АТП листата и таму ќе остане барем во следните две недели, иако во моментов не настапува на мастерсот во Мадрид.

Дали Ѓоковиќ ќе остане лидер ќе зависи од резултатот на Ролан Гарос. Изминатата недела српскиот тенисер остана без 45 поени кои ги освои во Бања Лука.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Рим, Новак ќе брани 180 поени што значи дека може и да ја зголеми разликата. Зад Новак е Јаник Синер со 8.660, па потоа следи Карлос Алкараз со 8.145 бодови.

Доколку Синер успее да го освои турнирот во Мадрид ќе има 9.660 поени и веќе посериозно ќе се доближи до Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Мбапе поради проблемите веќе нема да биде капитен на Франција

Францускиот голгетер Килијан Мбапе одново не беше дел од репрезентацијата на Франција за н…