Откако погреши со Хенрик Микхтаријан, Жозе Мурињо бара ново десно крило.
Според англиските медиуми, најголема желба на Португалецот е Малком (20) кој оваа сезона игра фантастично во дресот на Бордо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот оваа сезона на 20 натпревари успеа да постигне седум погодоци и да асистира на пет. Бордо за неговите услуги бара 55 милиони, но наводно од Јунајтед не сакаат да платат повеќе од 45 милиони фунти.
Малком е брз техничар, а има и страшен удар, тоа го покажа со неколку погодоци оваа сезона надвор од шеснаесетникот.
Позицијата која најмногу му одговара се страничните позиции. Планот на Јунајтед е да го купи во јнауари за сума од 45 милиони евра, но да го остави таму на позајмица до крајот на сезоната. Малком во Бордо пристигна минатата сезона од Коринтијас за сума од пет милиони евра.
На крајот се истакнува дека фудбалерот има вербален договор со клубот да не му прави проблем околу евентуален трансфер идното лето. Нема откупна клазула, но од Бордо му ветиле дека ќе му овозможат трансфер во некој од големите клубови.