Во обид да избегне трет последователен натпревар во Бундеслигата без победа, Борусија Дортмунд во вечерва на Мерцедес-Бенц арената ќе ги одмери силите со Штутгарт, кој води битка за опстанок.
Домаќините, ќе се обидат да ги зголемат надежите за опстанок со трета последователна лигашка победа на домашен терен.
Штудгарт е во добра серија
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По мизерната серија од седум порази и две нерешени средби помеѓу средината на Декември и крајот на Февруари, Штутгарт оттогаш победи на две и ремизираше на два од последните четири првенствени натпревари. Тој пресврт во формата им помогна да се искачат од зоната за испаѓање. Сега Штудгарт е на 15-то место со бод повеќе од Херта и Арминија Биелефелд кој се во зоната на испаѓање.
Она што е уште поимпресивно во оваа серија на Штудгард, е податокот дека на три од овие четири натпревари, Штудгарт дојде до бодови откако губеше, а на два меча направи целосен пресврт против Менхенгладбах и Аугсбург над кои славеше со идентични 3:2.
Избраниците на Пелегрино Матарацо се разочарани што не ги освоија сите три бода против конкурентот во битката за опстанок Арминија со кого минатото коло одиграа реми 1:1.
Штутгарт е непоразен во последните три домашни првенствени натпревари, победувајќи ги последните два, а исто така, освои 18 од нивните 27 поени на Мерцедес-Бенц Арената оваа сезона, па тие ќе уживаат да играат пред своите навивачи во петок.
Дортмунд сака враќање на победите
Малите надежи на Борусија Дортмунд за освојување на својата прва титула во Бундеслигата од сезоната 2011-12 година навидум се завршени откако минатиот викенд претрпеа тежок пораз од 1:4 на домашен терен од Лајпциг.
Момците на Марко Роуз сега заостануваат девет бода зад вечниот победник во Бундеслигата и актуелниот лидер Баерн Минхен, кои се пред освојување на својата 10-та последователна титула во Германија.
Дортмунд сака да се врати на победничките патеки во петок, бидејќи победи на пет од последните шест средби со Штутгарт, постигнувајќи најмалку по три гола во четири од овие прилики. Дортмунд исто така е непоразен на секој од последните шест натпревари на гости во Бундеслигата, што е најдолгата моментална серија во лигата.
Без европски фудбал или домашни купови, Дортмунд може целосно да се фокусира на последните шест првенствени натпревари, а победата во петок ќе го зацврсти тимот на второто место, каде што завршија во пет од последните девет сезони.