Дома Фудбал Останато Што се случува со фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за Манчестер Јунајтед?

Што се случува со фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за Манчестер Јунајтед?

Дони ван де Бeк по периодот во Ајакс каде што го играше најдобриот фудбал не успева да ја пронајде својата вистинска форма.

Веќе е јасно дека во Манчестер Јунајтед нема место за него, не се снајде ниту во Евертон, а како што изгледа ситуацијата ништо подобро за него не е ниту во Франкфурт.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Од Германија доаѓа вест дека Ајнтрахт нема намера да ја активира клаузулата од само 12 милиони евра за да го купи Холанѓанецот од Манчестер Јунајтед.

Тој пристигна на позајмица во зима, но досега одигра само шест натпревари во Бундеслигата и собра 320 минути на теренот. Дони ван де Бик очигледно има проблем да ја најде формата, иако веројатно и има проблем и на психолошки план.

Јунајтед за него плати дури 40 милиони евра во летото 2020 година, очекувањата беа големи, но тој никогаш не беше ни блиску да ги исполни.

Далеку е и од репрезентацијата, а има само 26 години и се чинеше дека сега треба да биде на врвот на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

На релацијата меѓу Луис Дијаз и Барселона се појавија најнови вести – спортскиот директор …