Иднината на Лионел Меси во Барселона се уште не е позната.
Договорот на аргентинската ѕвезда со каталонскиот гигант истекува на крајот од сезоната, а новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта прави се за да го убеди Лео да го продолжи договорот.
Преговорите за новиот договор наскоро ќе започнат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарот на „Кадена СЕР“, Хозе Антонио Понсети тврди дека без оглед на тоа што ќе се случи и каков исход ќе имаат истите, Меси во Европа ќе игра уште две години.
„Што и да се случи во преговорите Меси уште две години ќе игра во Европа, потоа се сели во Интер Мајами. Во овој момент шансите за заминување и останување се 50-50“, истакна Понсети.
Навивачите очекуваат Меси да остане во клубот откако имаше промена на раководството.