Барселона и Јувентус после два месеци преговарање се договорија за реализација на размената Артур – Пјаниќ.
Најблиските медиуми и до Барселона и до Јувентус од вчера тврдат дека е се завршено и нема дилеми. Пјаниќ ќе оди во Барселона, а Јувентус ќе доплати и 10 милиони евра за да го добие Бразилецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој договор ги подели навивачите на Барселона. Дел од нив сметаат дека Каталонците прават нелогичен потег. Оние што се против овој договор сметаат дека Барселона погрешила со тоа што го пуштила Артур на кого скоро цела кариера е пред него за играч кој е во поодминати години.
Инаку, кога Артур дојде во Барселона сите од него имаа големи очекувања, па дури и Меси. На социјалните мрежи се појави една изјава од пред две години во која Меси тврди дека за него Артур е најдоброто засилување во тој преоден рок.
„Играчите кои дојдоа се навистина добри, но ако морам да изберам еден тогаш тоа ќе биде Артур“, изјави тогаш Меси.