Манчестер Јунајтед денес и официјално соопшти дека Оле Гунар Солскјер ќе остане тренер на овој клуб и во наредната сезона.
Солскјер на „Олд Трафорд“ пристигна во декември минатата година на местото на Жозе Мурињо кој доби отказ. Норвешкиот стратег требаше да биде привремено решение бидејќи „црвените ѓаволи“ му дадоа договор до крајот на оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Манчестер Јунајтед се препороди после неговото доаѓање, а клучно беше што се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите бидејќи сите скоро и да ги отпишаа кога го добија Пари Сен Жермен за противник.
Во Јунајтед сфатија дека Солскјер е вистинското решение за нив бидејќи во тимот создаде одлична атмосфера. Клубот денес официјално објави дека тој останува тренер со договор на три години.
Англиските медиуми пренесуваат дека еден од оние кои најмногу биле разочарани после оваа вест е стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк. Имено, Солскјер посетува куќа во Манчестер, но овие месеци живее во хотел затоа што куќата претходно му ја издаде на Ван Дијк.
Холанѓанецот веќе некое време живее во вилата на Солскјер која вреди околу четири милиони фунти и плаќа висока кирија. Сепак, јасно е дека на крајот од сезоната ќе мора да се пресели и да најде нов дом бидејќи Солскјер му порачал дека ќе живее во неа откако ќе добие нов договор.
Тој оваа вила започна да ја гради во 2007 година, но никогаш со семејството не живееше тука. Сега сето тоа ќе се промени.
„Моето семејство остана во Норвешка, но сега и тие ќе дојдат во Манчестер. Ќе се вселиме во нашата куќа која започнавме да ја градиме во 2007 година. Многу ми значи што семејство конечно ќе биде со мене“, порача Солскјер.