Дома Фудбал Англија Што би кажале Мурињо, Пеп, Гвардиола и Клоп – 23 натпревари за 30 дена!

Што би кажале Мурињо, Пеп, Гвардиола и Клоп – 23 натпревари за 30 дена!

Интересна вест ни пристигнува од Островот…

Имено, еден деветолигаш во наредните 30 денови ќе мора да одигра верувале или не дури 23 натпревари!

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во текот на зимата која е зад нас, ширум Англија беа одложени голем број натпревари, поради тоа клубот 1874 Нортвич ќе мора сето тоа да го надополни во наредниот месец.

Овој клуб на својот Твитер профил (да, деветолигаш има свој официјален профил). ги извести навивачите дека лудилото стартува со опис: „понеделник, среда, четврток, сабота“ и така во круг.

Во текот на претходните сезони гигантите во Англија и менаџери како Мурињо, Гвардиола, Конте и Клоп испраќаа жалби поради згуснатиот распоред. Што би кажале се соочат со распоред како на Нортвич….

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ужас на Косово: Фудбалер почина откако колабираше на терен!

Голема трагедија ја потресе фудбалската јавност во Косово кога за време на натпревар почин…