Дома Фудбал „Штета што Мбапе игра во Реал Мадрид“

„Штета што Мбапе игра во Реал Мадрид“

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека жали што францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе го напушти клубот од Париз и се пресели во Реал Мадрид.

Килијан е одличен играч и личност која е тешко да се најде кога зборуваме за фудбалери на неговото ниво. Штета е што отиде во Реал“, изјави Енрике за „Мовистар“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мбапе помина шест сезони во ПСЖ и во тој период одигра 308 натпревари во кои постигна 256 гола.

„Ќе мораме да научиме да играме без Килијан. Тоа е нешто што треба да го направат сите тренери“, додаде Енрике, кој додаде дека е во одличен однос со Мбапе.

Францускиот фудбалер оваа сезона одигра осум натпревари за Реал и шест пати се запиша во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно!

Поради почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени …