Дома Фудбал Шпанците убедени: Нешто се случува со Модриќ

Шпанците убедени: Нешто се случува со Модриќ

Сагата околу Лука Модриќ во Реал Мадрид трае веќе доста долго. Модриќ минатото лето потпиша договор на уште една сезона и соработката му завршува во јуни.

Сезонава хрватскиот играч за врска не игра клучна улога во дресот на Реал Мадрид, а шпански „АС“ најави дека е незадоволен и може да замине.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Капитенот на Хрватска повеќе пати истакнуваше дека го сака Реал Мадрид и дека не би му било проблем да ја заврши кариерата, меѓутоа богатата понуда од Саудиска Арабија се уште е актуелна.

„Вкупно сезонава одигра само 42% од можните минути и 17 пати започна како резерва договорот му истекува во јуни и ситуацијата е непријатна. Хрватот се одмораше во натпреварот против Алмерија, дури не се ни загреваше. Логично беше да биде во стартниот натпревар против Лас Палмас, но потоа следуваше изненадување – Лука остана на клупата…веќе 17. пат оваа сезона. Не е повреден, туку таква е одлуката на Анчелоти и тоа е потврда дека нешто се случува.

Модриќ на 9-ти септември ќе наполни 39 години, а договорот му истекува на 30-ти јуни. Останува да видиме што ќе се случува до крајот на сезоната, меѓутоа мали се шансите ситуацијата да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико и Интер спремаат трампа

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези…