Според најавите на шпанските медиуми тимот на Барселона е блиску до ангажман на фудбалерот кој зад себе има одличен Мундијал.
Мексинаксиот фудбалер, Ирвинг Лозано после одличната сезона во ПСВ, воодушеви и на Мундијалот во дресот на својата репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лозано со Барселона се поврзуваше и во текот на летниот преоден рок, а медиумите во Каталонија најавуваат дека понудата од „Ноу Камп“ ќе пристигне во текот на јануарскиот преоден рок.
Најавите се дека Барселона неговиот потпис ќе го обезбеди во јануари, но дека тој ќе остане како позајмен фудбалер до крајот на сезоната во холандското првенство.
Сумата која би ја платиле Каталонците засега не се открива. ПСВ за неговите услуги на мексиканската Пачука и плати осум милиони евра.