Американскиот Интер Мајами драстично се промени откако во него пристигнаа Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба, а сега се шпекулира дека би можел да им се приклучи нивниот поранешен голем ривал, Лука Модриќ.
Гласините започнаа откако Дејвид Бекам и Модриќ беа забележани како разговараат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Модриќ и Бекам се најдоа на хрватскиот остров Шипан на кој Лука одлучи да помине малку слбоодното време кое го доби од „кралевите“.
Медиумите се убедени дека средбата на била случајна и дека Бекам се обидува да го убеди Модриќ да се придружи на неговиот тим.
📸🇭🇷 Luka Modrić spent the weekend with David Beckham in Croatia. pic.twitter.com/4mSeVZmsFJ
— Madrid Xtra (@MadridXtra) August 28, 2023