Не е неочекувано, прво одбиваше други понуди, а потоа следуваше мал шок. Во Шпанија тврдат дека работата е завршена.
„Супер депорте“ медиум од Валенсија, тврди дека работата е практично завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жоа Кансело одби да се пресели во Вулверхемптон каде што Мендеш ги „паркира“ своите играчи, чекаше една, па втора понуда и изгледа го дочека она што го чекаше.
Наводно, Јувентус се договорил со Валенсија за трансфер помеѓу 35-40 милиони евра со бонуси, позајмица до крајот на сезоната со обврска за откуп. Португалецот одигра добар втор дел од сезоната во Интер, но „нероаѕурите“ немаа пари да го откупат.
Се споменуваше и Барселона, но Каталонците се обидуваат колку што е можно да избегнуваат соработка со Мендеш. На крајот Вулверхемптон се одлучи да плати 40 милиони евра, но фудбалерот го одби овој трансфер.
Јувентус бараше замена после заминувањето на Лихштајнер во Арсенал, веќе се договорија со Дармијан, но Јунајтед ја подигна цената на 20 милиони, а Јувентус беше спремен да плати 12.
Ова е ново и изгледа подобро решение. На сето тоа сумата потрошена за овој играч нема да влезе во пресметката за оваа година, туку за следната. Со ваква формул Јувентус го доведе и Даглас Коста која пред неколку дена беше откупен од Баерн за дума од 40 милиони евра.