Шпанскиот медиум „Фичарес“ објави дека Барселона и Реал Мадрид ќе се борат за напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обемејанг кој не игра во најдобра форма и би можел да биде продаден за малку пари.
Обемејанг пристигна во Арсенал од Борусија Дортмунд во јануари 2018 година и веднаш му помогна на тимот да заигра подобро, а тој имаше исто голови колку Мохамед Салах и Садио Мане, па така ја подели „Златната копачка“, меѓутоа од тогаш е во пад на форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот од Габон разочара сезонава и постигна само четири гола и една асистенција во 13 настапи во Премиерлигата, па затоа Арсенал сака да го продаде капитенот, а има неколку заинтересирани тимови.
Интересот од Барселона е очекуван затоа што останаа без Серхио Агуеро, додека се поставува прашањето дали би можел Обемејанг воопшто да добие шанса во Реал Мадрид.