Зинедин Зидан на големо изненадување повторно се врати на клупата на Реал Мадрид, па медиумите веднаш почнаа да лецитираат со имиња кои би можел на лето да ги донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Зидан на лето ќе има огромен буџет за нови засилувања, а шпанските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека приоритет на Французинот ќе биде ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатата спортска емисија „Ел Чирингуито“ ексклузивно пренесува дека Зидан го сака српскиот играч за врска во својот тим.
Сезонава 24-годишниот фудбалер за врска не игра на препознатливото ниво, постигна само 4 гола со 2 асистенции, па неговата цена делумно падна.
Реал Мадрид и минатото лето се поврзуваше со СМС, но трансферот не дојде до реализација поради фактот што Лацио за потписот на Србинот бараше 120 милиони евра.
Шпанските медиуми тврдат дека Зинан го сместил неговото име во списокот на потенцијални засилувања за следната сезона и дека трансферот би можел да се реализира за околу 80 милиони евра.
Сепак, Реал ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Милинковиќ-Савиќ силен интерес покажуваат италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус, како и Челзи и ПСЖ.
?? ¡EXCLUSIVA de @JuanfeSanzPerez! "El ENTORNO de ZIDANE tiene los ojos puestos en Milinković-Savić". #ChiringuitoMadrid pic.twitter.com/bNkI1zvfTb
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 13, 2019