Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид.
Францускиот стратег како што денес потврдија од клубот се враќа во Реал Мадрид после само девет месеци откако го напушти клубот со кој освои три титули во низа во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Флорентино Перез е свесен дека ќе мора да го одврзе ќесето за Зидан да создаде нов тим со кој ќе ја нападне титулата во Шпанија и Лигата на шампионите. Нема да биде лесно тоа, но ако некој може тоа да го направи тогаш тоа е Зидан.
Клубот се надеваше дека ќе може да ја одложи одлуката за нов тренер до крајот на сезоната и имаше желба да доведе некој од Клоп или Покетино, но потешкотиите да ангажираат некој од нив го принудија Перез да го побара човекот кој имаше огромен успех во Мадрид.
Перез сега е спремен да му стави на располагање на Зидан сума од 350 милиони евра (300 милиони фунти), а главни желби наводно се Еден Азар, Нејмар и Килијан Мбапе.
Азар го обожава и Реал и Зидан, се засити во Челзи и тој е најреална опција, а Зидан сака и барем еден од двајцата мајстори од ПСЖ.
Се очекува Иско да остане и повторно да се врати во тимот, додека клубот наводно би можеле да го напуштат Герет Бејл и Лука Модриќ.
Zidane promised £300m overhaul to return to Real Madrid https://t.co/BGMSjcMZdS
— The Independent (@Independent) March 11, 2019