Младиот чувар на мрежата кој во овој момент го држи рекордот кога е оштетата кај голманите во прашање можел да облече друг дрес.
Кепа Аризабалага ги помести границите кога ова лето Челзи го доведе од Атлетико за рекордни 71.6 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Куртоа премина во Реал Мадрид, па Челзи беше принуден да издвои огромна сума на пари за новиот голман кој кај Маурицио Сари ќе биде прв избор.
Познато е дека Билбао не преговара со клубовите, туку има откупни клазули на играчите, па кој сака да доведе нивни играч мора истата да ја плати.
Она што е интересно е што Кепа можел да го облече дресот на Реал Мадрид кога неговата клазула изнесуваше само 18 милиони евра, но младиот голман тогаш го одби гигантот од Мадрид, па потпиша нов договор со значително поголема откупна клазула.
Покрај Реал, медиумите на Апенините пишуваат и дека Јувентус кој остана без Буфон, пред да го ангажира Матија Перин бил покажал интерес за Аризабалага.
Сепак, Кепа истакна големо задоволство што на крајот завршил во Челзи.
„Челзи е фантастичен клуб, пред неколку години триумфираа во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Премиер лигата. Јас сум пресреќен што ваков клуб направи големи напори да ме доведе. Платија навистина огромна сума“, изјави младиот голман.