Столе Димитриевски би можел многу брзо да ја промени средината.
Во шпанските медиуми меѓу кои е и реномираната „Марка“ објавено е дека Гетафе го продава својот голман Аргентинецот, Леонардо Чичизола и ќе тргне по услугите на македонскиот голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите кои ги пласираа медиумите и македонскиот голман е расположен за промена на средината.
Покрај Гетафе претходно се пишуваше и дека клубови од Италија покажале интерес за неговите услуги, сепак Гетафе во овој момент е фаворит.
Ќе потсетиме пред неколку дена Димитриевски беше позитивен на коронавирус, но по два дена имаше негативен тест и сега го чека и вториот негативен за нормално да продолжи со тренинзите.