Дома Топ вести Шпанците добија луда идеја: Ла Лига на Канарските острови?

Шпанците добија луда идеја: Ла Лига на Канарските острови?

Овие денови во најсилните фудбалски првенства главна тема е како да се заврши сезоната. Сега во Шпанија се појави една луда идеја.

Во Шпанија сметаат дека добиле добра идеја како порано да ја завршат сезоната и да не чекаат да се смири ситуацијата со коронавирусот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, во медиумите во оваа земја се појави информација дека сезоната би можела да се доврши на – Канарските острови!

Хорхе Марсијал кој е претседател на асоцијацијата на хотелите во Тенерифе тврди дека овој остров заедно со останатите на Канарските острови може да обезбеди услови во кои играчите би биле изолирани со цел да се доигра сезоната.

Хотелите можат да примат 42 тима, а тоа значи дека таму има доволно место да се сместат играчите на клубовите од Ла Лига и Секунда (втората шпанска лига). Звучи лудо, меѓутоа ако навистина има услови ова би можело да биде навистина добра идеја Шпанците да ги решат проблемите со оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…