Велшанецот, Герет Бејл (29) ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид по долги шест години.
Како што тврди шпанскиот новинар Едуардо Инда, Бејл кариерата ќе ја продолжи во редовите на англискиот гигант, Манчестер Јунајтед со кого веќе наводно ја договорил соработката. Споменатиот новинар пренесува информација дека управата на „Црвените ѓаволи“ разговарала со велшкиот репрезентативец претходните денови и дека на крајот тој се согласил да се пресели во редовите на тимот од „Олд Трафорд“.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Целиот договор наскоро би требало да биде официјализиран, а Реал за услугите на 29-годишниот фудбалер ќе плати 104 милиони фунти, што секако е добра сума со огелд на формата во која се наоѓа Герет Бејл. Велшанецот во изминативе шест години често беше надвор од терените поради повреда. Сепак, успеа и покрај тоа да учествува во освојувањето на многу трофеи и неговиот престој на „Сантијаго Бернабеу“ беше многу успешен.
Со „Кралевите“ Бејл освои четири титули во Лигата на Шампионите, Ла Лига, Куп на Кралевите и три трофеи УЕФА Супер Куп. Бејл во Реал пристигна од Тотенхем 2013. година за 91 милион евра. Во изминативе шест години за жал беше многу пати повреден и никако не можеше да покаже што знае. Овој одличен фудбалер настапи вкупно во 223 натпревари за Реал Мадрид и постигна 101 гол.
Пред Тотенхем го носеше и дресот на Саутемптон.