Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи стигна во Мадрид и предизвика голема фама во Шпанија.
Ел Мундо Депортиво смета дека најверојатно е дојден по Јан Облак кој францускиот првак го посакува на својот гол. Голманот на Атлетико, има откупна клаузула во договорот од 100 милиони евра и како што се наведува истата ПСЖ се подготвени да ја активираат и да се засилат за следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Втората можна причина е Томас Муние, Белгиецот кој би можел од ПСЖ да премине во Реал Мадрид, кој трага по нов бек, а секако не е исклучена можноста во прашање да е некој друг играч на Реал или ПСЖ.
Покрај тоа, не е исклучено Ал Келаифи да завршува некои работи околу неодамнешниот трансфер на Нејмар од Барселона, кој изнесуваше 222 милиони евра. Одговорот се чини ќе го добиеме за некој ден.