Вчера Шпанија и фудбалскиот свет остана во шок после веста за трагичното згаснување на животот на Хозе Антонио Рејес.
Поранешниот фудбалер на Севиља, Арсенал и Реал Мадрид го изгуби животот откако излета од патот со својот Мерецедес при врзина од 200 километри на час. Трагедијата е уште поголема затоа што во возилото со Рејес животот го загуби неговиот братучед, додека уште едно лице се наоѓа во критична состојба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес бура во јавноста предизвика објавата на поранешниот шпански голман и легенда на Валенсија, Сантијаго Кањизарес.
„Возењето со голема прзина е несовесно однесување. Во инцидентот настрадаа и други луѓе. Рејес затоа не заслужува да биде испратен како херој. Ова не значи дека не жалам за загубата, се молам за него секако. Не може некој да не жали на вакво нешто“, гласи објавата на Кањизерас со која предизвика големи реакции во Шпанија.
Circular con exceso de velocidad es una actitud reprochable
En el accidente ha habido víctimas además del conductor
Reyes no merece un homenaje como si fuera un héroe
Pero eso no quita que lamente lo ocurrido y que rece por sus almas
Lo intolerable lo encuentro en quien se alegra— SANTIAGO CAÑIZARES ? (@santicanizares) June 1, 2019