Денес во Прилеп се игра големото дерби помеѓу Победа и Вардар во рамките на македонскиот Куп.
Победа од неодамна се врати на реновираниот градски стадион „Гоце Делчев“, па прилепската публика повторно може да ужива на фудбалските натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ентузијазмот кај прилепчани е огромен, па и овој пат го оправдаа епитетот за најфудбалски град со големата посетеност на стадионот „Гоце Делчев“.
Навивачката група „Мајмуни“ направи вистинско шоу на трибините, па покажаа дека без разлика што двата клуба моментално имаат второлигашки статус, сепак ова е едно од најголемите дебија во Македонија.