Дома Останати Кошарка НБА Шоу на Дејвис и Џејмс: Ослабениот Мајами не можеше ништо, Лејкерси се поблиску до титулата ?

Шоу на Дејвис и Џејмс: Ослабениот Мајами не можеше ништо, Лејкерси се поблиску до титулата ?

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси имаат 2:0 во големото финале на НБА лигата откако во вториот меч славеа со 124:114.

Мајами играше без Горан Драгиќ и Бен Адебајо, но и покрај тоа пружи добар отпор на фаворитот. Лејкерси сепак беа подобри и покажаа поголем квалитет. Од самиот почеток ја наметнаа својата игра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мајами во текот на целиот натпревар одржуваше пристојно заостанување и се обидуваше да го изненади ривалот, но не успеа.

Леброн уфрли 33 поени и додаде девет скока и исто толку асистенции, додека Дејвис додаде 32 поени и 14 скокови. Рондо уфрли 16 поени, Кузма и Калдвел Поп по 11. Џими Батлер кај Мајами постигна 25 поени и запиша 13 асистенции и осум скокови, солиден беше и Олајник со 24 поени и девет скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…