Дома Фудбал Англија Шок на Островот: Алардајс го напушта фудбалот!

Шок на Островот: Алардајс го напушта фудбалот!

Сем Алардајс си поднесе оставка на местото менаџер во Кристал Палас.

Популарниот „Биг Сем“, во клубот пристигна пред само пет месеци, а го наследи Алан Пардју. Тогаш тој потпиша договор на две ипол години иако овој клуб беше само еден бод над зоната за испаѓање.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак и покрај тешката позиција, Алардајс успеа да запише осум победи на 21 натпревар со што на Палас му овозможи опстанок.

Во пишаната изјава која им ја достави на медиуми Сем Алардајс истакна дека повеќе нема време да работи како фудбалски тренер.

„Сакам да го сочувам својот живот додека сум сеуште релативно млад и здрав, доволно способен да ги правам работите кои ги сакам, да патувам, да поминувам повеќе време со семејството и внуците, без притисокот кој го носи работата фудбалски тренер. Вистинско време е да заминам. Немам амбиции да превземем некој друг клуб. Сакам само да уживам во работите во кои не можев додека работев како тренер“, порача Алардајс.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …