Дома Фудбал Англија Шок за Јунајтед: Позната причината поради која Алексис ќе ги пропушти припремите во Америка

Шок за Јунајтед: Позната причината поради која Алексис ќе ги пропушти припремите во Америка

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез нема да замине со екипата на припреми за новата сезона кои овој клуб ќе ги одработи во САД.

Црвените ѓаволи традиционално еден дел од припремите ќе ги поминат во Америка каде ќе одигра неколку пријателски натпревари. Сепак, хендикеп за Жозе Мурињо сигурно ќе биде тоа што нема да смета на Санчез, бидејќи Чилеанецот не доби виза.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Од Олд Трафорд потврдија дека Алексис не замина со екипата во САД, поради административни проблеми. Сепак, англиските медиуми успеаа да откријат зошто Алексис не доби виза и ќе тренира сам се додека екипата не се врати од Америка.

Имено, додека играл за Барселона овој фудбалер имал проблем со данокот во Шпанија, а тоа сега скапо го чинеше. Алексис е обвинет во Шпанија за затајување данок и поради тоа САД не му одобриле виза и влез во државата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…