Дома Фудбал Англија Шок за Тотенхем: Ериксен има сериозни проблеми!

Шок за Тотенхем: Ериксен има сериозни проблеми!

Ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен најверојатно има хронична повреда, па ситуацијата може да биде многу сериозна.

Селекторот на Данска, Оге Харејде откри дека станува збор за проблем со стомачните мускули.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Од Тотенхем ни кажаа дека тој проблем Кристиан го има подолго време и се многу загрижени. Тоа може да се претвори во хронична состојба“, изјави данскиот селектор.

Харејде додаде дека најверојатно Ериксен нема да биде во тимот за гостувањето кај Северна Ирска во Лигата на нации.

26-годишниот офанзивен играч за врска го пропупшти последниот меч на Тотенхем во Премиер лигата против Кардиф.

https://youtu.be/WwRExVT_SJY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез чукна на вратата на Арсенал, од Лондон му порачаа: „150 милиони евра и можеш да го имаш“

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за еден од најдобрите средни играчи во светот, Деклан …