Винисиус Јуниор со своите партии во Реал Мадрид се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во светот.
Тој има договор со Реал до јуни 2027 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според шпанскиот спортски портал „Релево“, мадридскиот клуб иницирал контакти со застапниците на 24-годишниот Бразилец пред неколку месеци со цел да се разговара за продолжување на договорот.
Меѓутоа, после последните случувања околку „Златната топка“ менаџерите на фудбалерот ги прекинале преговорите.
Дали се работи за промена на условите или Винисиус ќе бара трансфер останува да видиме.